Во саботата утрото околу 10,40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 35-годишниот Т.К. од Скопје.
Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од возило на Б.Т. од Скопје и одзел предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Т.К. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.