Приведен полски државјанин, кај него е најдена поголема количина на лекови без документација за потекло и за транспорт

На 05.12.2023 во 16:25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, поточно во близина на езерото Треска, приведен е Л.В.П.(59), полски државјанин.

МВР

Тој бил затекнат со патничко возило „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт.

МВР

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.