По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.мк.
Новачевски и уште една група, како што пишува СДК.мк, се осомничени за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно.
Обвинителството покрај Груевски и и неговиот кум Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.
Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.