Приведен синот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски

Синот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, синоќа бил приведен во полицискa акција во еден познат скопски локал во Капиштец, каде кого била пронајдена дрога, објави „Фокус“ од потврдени извори на Мнистерството за внатрешни работи.

Инаку, таткото на приведениот беше назначен за директор на БЈБ после политичките промени во време на владата на Зоран заев, но многу кусо се задржа на оваа функција, бидејќи беше разрешен откако медиумите објавија дека неговата ќерка со службено возило била на пат за Грција.

После тоа, веќе екс директорот на БЈБ Велковски, замина да работи во Јавното обвинителство, каде беше близок соработник-истражител на, исто така, веќе поранешна јавна обвинителка, пишува „Фокус“.

Лазе Велковски, беше официјално разрешен од функцијата на владина седница во 2018, поради злоупотреба на службено возило. Тоа се случи откако внатрешната контрола во МВР констатирала дека со службениот џип се превезувала неговата ќерка на летен одмор во Грција, со образложение дека била нарушена нејзината безбедност, но без да има соодветно решение за тоа.