
Кривична пријава е поднесена против С.А. (57) од Скопје, кој се обидел да криумчари мигранти од Авгнистан.
Вчера на автобуската станица во Неготино, од страна на полицијата е запрено такси возило, управувано од лице од Неготино, во кое биле затекнати С.А.(57) од Скопје и двајца авганистански државјани. По преземени мерки е констатирано дека С.А требало да ги префрли авганистанските државјани до одредена дестинација. Такси возачот е ослободен, додека С.А е приведен.
Странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.