Ќамил Ј.(1961) од Скопје, по кој осум месеци се трага за издржување казна затвор, вчера попладне е приведен на граничниот премин „Табановце“, соопшти полицијата.
При пасошка контрола за излез од Македонија е констатирано дека Ќамил Ј. е на СТОП листата и дека по него се трага од 24 декември 2014 година, а треба да издржува казна затвор во траење од еден месец и 10 дена.
По приведувањето во 14:20 часот, Ќамил Ј. по кој осум месеци се трага за издржување казна затвор е предаден на Полициската станица при СВР – Куманово за натамошна постапка.