На 19.07.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.
Тој на 18.06.2021 во нас.Илинден со употреба на физичка сила од Л.Т.(74) одзел пари.
По насоки на Јавен обвинител тој е задржан во Полициска станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на материјалот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.