Сопственик на бензинските „Макоил“, Мите Јовановски, утринава е приведен од полицијата затоа што се спротивставувал да се отстрани реклама поставена пред неговата бензинска станица, во населбата Лисиче.
Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.
Полицијата асистирала на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската. Тој планирал да ја дислоцира рекламата, но од градот инсистирале тоа да биде денес.
Тука е 20 години, им текна сега дека треба да се руши. Не сум известен дека денеска ќе доаѓаат и затоа не давам да се сруши. Цел живот се борам со вакви проблеми, и со државата и со инспекции, вели Јовановски.
ВИДЕО: 24 Вести