Приведен возачот осомничен дека со автомобил прегaзи четиригодишно дете и избега

Триесет и четиригодишен жител на струмичкото село Баница е приведен во полицијата, под сомнение дека управувал со автомобилот со кој ден претходно во Струмица беше тешко повредено четиригодишно дете, но возачот со возилот побегна од местото на несреќата.

Во средата околу 15 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода 34 годишникот индетификуван со иницијалите Т.М. од село Баница, информираа МВР.

Лицето е осомничено дека го управувало патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое во вторникот околу 18 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди.

Автомобилот со скопски регистерски ознаки подоцна беше најден напуштен.

Во вторникот околу 18:00 часот возачот на автомобилот побегнал откако удрил во детето. Подоцна од страна на полициски службеници возилото беше пронајдено.

По укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица заради карактерот на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје во коматозна состојба со повреди на главата, на белите дробови и со скршеници на четирите екстремитети