На 10.01.2022 во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово.
Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности.
Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката.
По документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.