Приведена е малолетничка која се исмеваше за масакрот во училиштето во Белград

Припадници на МВР на Србија на информативен разговор повикаа малолетно девојче кое се снимаше на ТикТок, го исмејуваше масакрот што се случи во Врачар и го величаше убиецот.

Бидејќи станува збор за малолетник, против родителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Девојчето снимаше во живо на ТикТок и зборуваше за масакрот во основното училиште кој ја потресе цела Србија.