![marihuana2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/marihuana2.jpg?resize=696%2C448&ssl=1)
На 16.03.2023 во 19:40 часот полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода С.М.(25) од Кичево.
При претрес во дом и други помошни простории каде престојувала С.М., извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници биле пронајдени ќеса и тегла со марихуана и метална дробилка.
С.М. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.