Приведена е Гордана Јовиќ Стојковска, претседателка на Српската заедница во Македонија и претседател на Српскиот национален совет. Државниот терор продолжува!, објави на својот фејсбук профил претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.
Засега нема информации за што конкретно станува збор, во врска со овој инцидент кој се случил во текот на неделата додека траеше гласањето за локалните избори.
Демократската партија на Србите, инаку, е дел од коалицијата „За подобра Македонија“ предвидена од ВРМО-ДПМНЕ.
Госпоѓа Јовиќ Стојковски за НетПрес изјави дека станува збор за инцидентот во кој ѝ било заканувано со кривични и прекршочна пријава затоа што фотографирала големо присуство на полицијата на избирачкото место во основното училиште „Григор Прличев“ во скопската населба Железара.
„Станува збор за избирачко место на коешто никогаш немало инцидент. При доаѓањето на гласачкото место пред училиштето забележав полициско возило, а на влезот уште двајца полициски службеници, а во самиот објект уште четворица до петмина полицајци“, рече Јовиќ Стојковска.
На излегување таа ги фотографирала полицајците по што ѝ пришол еден полициски службеник, и како што вели соговорничката, дрско побарал да ги избрише фотографиите, за коишто таа имала намера да ги достави до Државната изборна комисија и набљудувачите барајќи образложение за големото присуство на полицијата на избирачкото место.
По приведувањето во полициската станица и заканите со кривична пријава, при што ѝ биле одземен мобилниот телефон и покрај понудата да повика адвокат, Јовиќ Стојковски по извесно време е пуштена.