Дваесет и седумгодишна жителка на Скопје е приведена во угостителски објект во Тетово поради сомнение за инволвираност во трговија со луѓе. Таа била приведена при акциска контрола на полицијата во локалот.
– Половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово, во акциска контрола спроведена во угостителски објект на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на А.Б.(44) од тетовско Селце, ги лишиле од слобода Е.С.(22) од Република Србија и Б.С.(27) од Скопје. За Е.С постои сомнение дека го злоупотребила туристичкиот престој, а Б.С. поради сомнение за нејзина инволвираност во трговија со луѓе. Двете женски лица задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информира денеска Марјан Јосифоски, портарол на СВР Тетово.
Полицијата бележи уште едно приведување викендот поради илегален влез и престој на подрачјето, поради што 19 годишна жителка на Косово е задржана во Полициска станица Тетово за натамошна постапка.