Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Исто така, се наведува во соопштението, според статистичките податоци, на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.-
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката – се додава во соопштението на МВР.