При акциска контрола на угостителски објект „Кораби“ во село Горно Седларце, сопственост на Л.Б.(48) од Тетово, синоќа полициски службеници од СВР Тетово затекнале 16 жени, од кои 13 државјанки на Албанија, една од Косово и две од Македонија. Истите се приведени за понатамошна постапка.