Триесет и пет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатите 24 часа, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според статистичките податоци, на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.