За време на полициската акција во ноќните клубови „Бакарди“ во Гостивар и „Ориентал Били 97“ во Добри Дол, полицијата заедно со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера околу 4 наутро, затекнале 21 девојка, кои нелегално работеле и претстојувале во Македонија.
Од затекнатите 21 девојка, осум не се државјани на Република Македонија, односно 6 се од Србија и 2 од Босна и Херцеговина, останатите 13 се од Скопје, Куманово, Струмица и Кичево.
Странските државјанки кои биле ангажирани како танчерки, келнерки или пак пејачки, се на возраст од 23 до 30 години.
По приведувањето седум од странските државјанки се депортирани, а една е задржана во Транзитниот центар во Скопје.