Во викендица во село Волково, вчера во 23,20 часот, полиција упаднала на приватна забава со повеќе лица, а по наредба од јавен обвинител, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.К.(24),сопственик на викендицата и уште 28 лица, меѓу кои и ди џејот (35) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ казниво по чл.206 од Кривичниот законик.
„При претрес кај ди-џејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, се вели во соопштението од МВР.