Приведени 32 девојки од угостителски објекти во Тетово

Во акциска контрола на МВР во два угостителски објекта во Тетово, вчера биле приведени 32 девојки од регионот.

Како што соопшти МВР, во акцијата, што се одвивала од 23 до 3 часот утринава, во двата објекта полицијата пронашла и привела 22 државјанки на Албанија, една на Косово, две од Србија и седум Македонки.