Приведени 4 лица во Охрид, оштетиле угостителски објект и полициско возило

На 11.06.2024 во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, Општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Тие при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило.

Лицата беа задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.