Во антитерористичката акција „Ќелија“ која се одвиваше во повеќе градови низ Македонија приведени се девет лица, сите македонски државјани, но со различна националност.
Акцијата беше насочена кон припадници на фундаменталистичка група која рерутирала борци од земјава за воените боишта во Сирија и во Ирак. Најголем дел од приведените во оваа акција се повратници од овие воени жаришта и лица кои учествувале во паравоени формации.
Меѓу уапсените е и имам на на џамиите Тутунсуз и Јаја Паша, за кој се верува дека е идеологот на исламскиот фундаментализам во земјава.
Ова се приведените лица: М. Р. (1979) од Скопје, А. А (1988) од Тетово, Д. А. (1984) од Скопје, Д. А. (1984) од Скопје, Ш.М. (1987) од Гостивар, Р.Е. (1979) од Скопје, И. М. (1978) од Скопје, А. З. (1988) од Скопје, Е. С. (1984) од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија. Во антитерористичката акција „Ќелија“ спроведена во 3:30 по полноќ полицијата уапси девет лица, а над дваесет се осомничени за учество во војните во Сирија и Ирак, како и за регрутација на борци за овие боишта.