РЦ за ГР „Запад“ поднесе кривична пријава против албанските државјанки Л.Т.(44) и В.Т.(27), за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 15.07.2014 година, во 02,30 часот, при влез во Р Македонија на граничниот премин „Ќафасан“ при контрола на пријавените било констатирано дека немале доволно парични средства и не дале точни податоци за целта на нивното патување во Македонија за што биле известени дека не ги исполнуваат условите за влез во Македонија.
По ова, Л.Т. преку шалтерот се обидела да си ја земе патната исправа, по што ги турнала доко тестот, мониторот и читачот за патни исправи, а потоа почнале да ги навредуваат и физички ги нападнале полициските службеници.