
Четири лица се приведени доцна синоќа за пукањето што се случи на Ургентниот центар на тетовската Клиничка болница, а се трага по уште едно.
Како што информираа од СВР Тетово, синоќа се приведени Р. Т. (35) и М. Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш. Е. и Н. М. (39) поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето што се случи околу 18 часот.
Тешки телесни повреди (прострелни рани) добиле А. М. (41) и З. М. (36) од тетовското село Гајре.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.