Полицијата приведе четворица малолетници од скопско Никиштани поради основано сомнение дека нападнале врсник во автобус.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи 15-годишниот А.М. и 16-годишните А.Б. Ф.И. и Б.М. сите од село Никиштани нападаа врсник во автобусот на ЈСП.
Инциденот се случил на 19-ти овој месец околу 14,20 часот, во автобус на ЈСП бр. 64, кој се движи на релација Транспортен центар – с. Никиштани.
Малолетните насилници нападнале 17-годишно момче кое седело на првиот кат од автобусот.
Без никаков повод и причина физички го нападнале и грубо го малтретирале момчето со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај другите патници.
Во полиција, во присуство на родителите тие го признале дело, а негирал само А.Б.