Приведени се четири членови на Левица кои попладнево излегле на мирен протест против насилство и милитаризација, откако претходно во центарот беше најавна презентација на воена опрема на САД и на АРМ. Демонстранти кај ГТЦ сакале да истакнат транспарент „Против војната за профити!”.
„‘Демократската’ полиција, потпомогната од АРМ насилно задржа четворица демонстранти и ги спречи слободно да се движат! Другарите само се обидоа да истакнат транспарент и мирно да изразат незадоволство против дефилето на американската војска на плоштад, без притоа да бидат насилни!“, соопштија од Левица.
Левица во текот на утрешниот ден најавуваат официјална реакија за целиот настан. 4
„Останува отворено прашањето, дали ова е официјалното доаѓање на демократијата и слободата во Република Македонија?, велат од партијата.
Инаку, Левица денеска пред медиумите соопшти дека се против членството на Македонија во НАТО.