Приведени дилери на дроги од тетовско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 37-годишниот А.А.(37) од селото Шипковица, тетовско и против 27-годишниот Ф.Ш. од селото Чегране, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На улицата „Беличица“ во Гостивар полициски службеници, при извршен преглед, кај пријавените пронашле и одзеле марихуана.