Приведени дилери во Охрид и Куманово

Во две одделни полициски акции во саботата во Охрид и во Куманово, приведени се две лица поради сомневање дека се занимаваат со растурање наркотици.

Во првиот случај, во Охрид на улицата „Бистрица“ по 20 часот бил приведен 45-годишниот Љ.Д. Кај него, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, било пронајдена прашкаста материја.

Вчера и полициските службеници во Куманово привеле 25-годишен локален жител идентификуван со иницијалите А.Д., кај кого исто така е пронајдена прашкаста матертија.