На 13.06.2023 околу 04.15 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.