Приведени две лица од Гевгелија, осомничени за криумчарење мигранти

Во неделата од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т. на 30 и В.Т. на 54 години, двајцата од Гевгелија.

Имено, тие околу 9,10 часот истиот ден биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Грција.

Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.