Приведени две лица поради нападот во Анкара

Полицијата во Турција приведе две лица осомничени за нападот во Анкара. Тие се членови на Курдската работничка партија (ПКК), а пред нападот во Анкара на Твитер напишале дека во главниот град ќе биде активирана бомба.

Кратко пред нападот во Анкара, во кој загинаа најмалку 97 лица, на Твитер било објавено: „Во Анкара ќе експлодира бомба“.

Анкарското Обвинителство се обратило до Дирекцијата за телекомуникации со барање за информации за идентитетот на лицата, кои ги отвориле налозите на Твитер, Anotoly, Todorov и GoranMetasyan, на кои биле напишани ваквите објави.

Турската полиција исто така открила лична карта, која веројатно му припаѓала на еден од извршителите на двојниот напад.

Личната карта е пронајдена во близина на телото на осомничениот напаѓач, изјавија претставници на Главното обвинителство на Анкара.

Обвинителството одлучило да не го открива идентитетот на осомничениот напаѓач, бидејќи се уште не откриен идентитетот на вториот напаѓач.

Според весникот „Хуриет“ осомничениот напаѓач, бил на листата на турската разузнавачка служба МИТ за потенцијални напаѓачи-самоубијци.

erdogan

Ердоган положи цвеќе на местото на нападот во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган положи изутринава венец на плоштадот во Анкара, каде пред четири дена беше извршен најсмртоносниот напад во историјата на земјата, во кој загинаа најмалку 97 лица.

Претседателот, кој беше подложен на критики по нападот беше придружуван од финскиот претседател Саули Нинисто, кој е во посета на Турција.

Двајцата претседатели, опкружени од голем број претставници на силите на редот, положија каранфили на местото на нападот.

Инцидентот во Анкара се случи во пресрет на парламентарните избори на 1 ноември и тој предизвика протести против режимот на Ердоган.

Дел од опозицијата упати критки до Ердоган дека не се погрижил доволно за обезбедување на прокурдските демонстрации во Анкара во саботата, кога беше извршен двојниот самоубствен напад.

napad1

Шефови на турската полиција обвинети по нападот во Анкара

Тројца високи шефови на полицијата денеска се отпушени поради безбедносни пропусти, кои овозможија да се случи двојната експлозија во Анкара, во која загинаа 97 лица, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека отпуштените шефови се од поширокото подрачје на Анкара.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера без изнесување на повеќе детали изјави дека разунавачките податоци укажуваат на тоа дека нападот може да биде поврзан со Сирија, каде џихадистите зазедоа големи делови од територијата до турската граница.

 

При нападот во Анкара животот го загубија речиси 100 лица, а десетици беа повредени.