Приведени две лица во Бутел, го прекршиле полицискиот час и употребиле недозволени средства кон полицајци

На 04.04.2020 во 21 часот на ул.“Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање. Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.