На 22.08.2022 окоу 11.20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Ф.(50) од с.Пирок, општина Боговиње и С.Ц.(49) од Скопје.
При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот на С.Ц. била пронајдена една ќеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.