Приведени Косовци кои оперирале во автобус

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.М.(39), И.К.(46), О.А.(51) и Р.Н.(56) државјани на Косово за сторено кривично дело „кражба“.

На 20.05.2014 година, во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“ на автобуска постојка откако пристигнал автобус на ЈСП пријавените искористувајќи ја гужвата пред вратата на автобусот и со протнување на рака во џеб од едно лице одзеле 1.800 денари.

Од страна на судија на пријавените им е одредена мерка една година затвор со три години условно и пет години забрана за влез во РМ.