На 22.01.2022 околу 18,30 часот на ул.„Воденска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги затекнале при извршување кривично дело тешка кражба Р.А (24) и А.И (20) од Скопје и кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.