
На подрачје на Бит Пазар синоќа околу 22.45 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Е.(18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје.
Како што информираа денеска од МВР, тие претходно на подрачје на Бит Пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.