![Priveduvanje lisici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Priveduvanje-lisici.jpg?resize=620%2C348&ssl=1)
На 04.09.2022 околу 03.30 часот на автопатот А1 кај клучка Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности ги лишиле од слобода З.Б.(23) и Б.Б.(36), двајцата од с.Драчевица, скопско, кои управувале патнички моторни возила „мерцедес “ и „голф“, двете со скопски регистарски ознаки, кои превезувале 14 лица илегални мигранти од Сирија.
За настанот е известен Јавен Обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.