Утрово околу 9 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.К. на 18 години од Гостивар и 17-годишен малолетник од Кочани, со живеалиште во Гостивар, поради сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“ во неделата врз лице од Кичево на Железничката станица во Гостивар.
Тие биле приведени во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признале делото.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.