Приведени насилници од скопско, поднесена кривична пријава

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Џ.Љ. на 44 и Н.Љ. на 40 години, и двајцата од скопското село Батинци.

Во четвртокот, околу 22,10 часот пред угостителски објект во Батинци, пријавените физички ги нападнале С.Н. и А.Б., а по преземени мерки и активности тие биле пронајдени и лишени од слобода.

Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него. Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат. Нападнатиот почнал да бега, но двајцата осомничени го стасале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата.

Кај очевидците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загр озување и стр ав“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Судија на претходна постапка на двајцата им определи мерка притвор. Јавниот обвинител оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор​.