
Во саботата вечерта во две одделни акции на полицијата во охридско и гостиварско, приведен се вкупно пет лица за коишто постојат сомневањеа дека се занимавале со илегално производство и растурање наркотици, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.
Во саботата околу 21 часот, при контрола на такси возило „мерцедес“, со кое се превезувале се 39-годишниот Г.Н. од Охрид и една година повозрасниот Е.А од Струга, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја“, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја.
Еден час подоцна, околу 22 часот во гостиварско Мало Турчане, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода З.В. на 25 години од гостиварско Сенокосе, С.Ш. исто така 25-годишен од гостиварско Врапчиште и 26-годишниот А.С. од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, дробилка и нож.
По целосно документирање на настанот, ќе поднесени соодветни пријави за двата случаи.