Приведени осудени криминалци од Арачиново и Средно Коњари

Во петокот утрото околу 9 часот во селото Трубарево од полициски службеници од СВР Скопје пронајден и приведен е 31 годишниот А.Ш. од селото Средно Коњари, баран по судска наредба од Основен суд Скопје-1 за издржување на казна затвор.

Истиот ден вечерта, околу 20.40 часот во селото Арачиново,скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле 28-годишниот А.Ш., кој бил баран по наредба од Основен кривичен суд Скопје.