Припадници на Управата за криминалистичка полиција утрово приведоа осум лица, меѓу нив и поранешниот претседател на Управниот одбор на „Галеника“ Дејан Бацковиќ, поради сомнение дека учествувале во малверзации со што ја оштетиле компанијата за 75 милиони евра, јави Танјуг.
Акцијата на Управата на криминалистичката полиција е спроведена утрово, во соработка со даночната полиција и Обвинителството за организиран криминал.
Полицијата и обвинителството во текот на едногодишната истрага открија дека имало злоупотреби на службената положба при продажбата на лекови и потпишување договор со компанијата „Велефарм“, чија имотна корист била 75 милиони евра.