На 23.12.2020 од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ биле приведени Т.Л.(46), Ч.Е.(33), П.Е.(36), Ш.Е.(33) и Б.А.(40) сите од Албанија, поради непочитување на чл.9 ст.1 од Закон за гранична контрола.
Пријавените на 23.12.2020 во раните утрински часови, на место во близина на с.Ума ја преминале државната граница од Грција во Македонија надвор од граничен премин, а на место викано Ѓубриште, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило „опел вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до Граничен премин „Ќафасан“, но при контрола од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“, на место викано Фарма, во близина на Гевгелија, биле затекнати во возилото, додека пак, пријавените Ш.Е. и Б.А. се качиле во патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од З.К. од Гевгелија, кој за сума од по 60 евра требало да ги превезе до Гевгелија.
Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија поднесе барање за поведување на постапка против пријавените, а од судијата во Основен Суд во Гевгелија на пријавените им се изречени глоби и санкција „протерување на странец од територијата на Р.Македонија“.