Приведени поради прашкаста материја

На 26.10.2019 во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода Д.П.(25) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.10.2019 во 12.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на реонот на Бит Пазар во Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(30) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.