![traktor imt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/traktor-imt.jpg?resize=640%2C474&ssl=1)
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С.(38)од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46)од с.Лажани, Општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани, ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен.
Тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.