![b1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/b1.jpg?resize=520%2C347&ssl=1)
Шест лица биле приведени по инцидентите на фудбалскиот натпревар помеѓу „Шкендија“ и „Гент“.
Како што инфромира МВР, вчера околу 20.00 часот во Скопје на фудбалскиот натпревар, на источната трибина дошло до нарушување на Јавниот ред и мир, во кое дел од навивачка група ги нападнале И.Ј.(38) од Приштина, Косово и М.А.(42) од Скопје при што на истиот му била одземена чанта во која имало пиштол, кој подоцна бил пронајден во казанче од тоалет на стадионот на источната трибина.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје во ПС ОН Центар биле приведени К.О. (39), М.А. (29), Е.Б. (35), М.Е. (35), Б.И. (30) и седумнаесетгодишник , сите од Тетово.
Со истите, како што информираат од полицијата, бил извршен разговор по што им биле издадени платни налози за сторени прекршоци од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.