![Policija-apsenje-620x330](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Policija-apsenje-620x330.jpg?resize=620%2C330&ssl=1)
Полицијата синоќа во 22.20 часот ги привела 22-годишниот Н.Е. и двајца 17-годишни малолетници, сите од скопското село Арачиново, затоа што околу 21.40 часот на улицата „Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на 51-годишната Љ.Д. од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.
По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки во кое биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети.
Од МВР денеска информираат дека биле пронајдени и прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефона.
Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.