Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош завчера и вчера на улицата „Иван Аговски“ во Скопје ги лишиле од слобода М.К. и Е.К. и двајцата на 21 година, како и 26-годишниот Б.Џ., сите од Скопје.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“.
Како што информира МВР, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.