Приведени тројца скопјани за напад врз полицајци

Во неделата ноќта околу 23.40 часот на улицата „Скупи“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К на 30, Е.Г. на 50 и А.Г. на 24 години, сите од Скопје.

Тројцата се приведени, затоа што претходно физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.