На 23.11.2023 на подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.
-Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.